Уметничка галерија Тетово со активности по повод Светскиот ден на уметноста

По повод 15-ти април, Светскиот ден на уметноста Уметничка галерија од Тетово во текот на оваа недела организира креативни уметнички активности на неколку јавни површини во Тетово. Нивната цел е да придонесе за културниот развој на градот, да создаде можности за граѓаните да имаат полесен пристап до ликовната уметност и да ја развие јавната свест за посета на галерии и музеи.

            Проектот ќе биде затворен на 15 април во 12.00 часот во просториите на Уметничката Галерија, ден со кој се одбележува и роденденот на Леонардо Да Винчи – уметник кој е избран за симбол на светскиот мир, слободата на изразување и толеранцијата.

Данијела Билбилоска