Уписите во градинка се спроведуваат по електронски пат

Како една од превентивните мерки за заштита на здравјето и овозможување на безконтактна административна услуга, Детската градинка “Младост“ од Тетово воведе нова постапка за електронско поднесување на барања за запишување нови деца во установата.

Во тек се уписите за деца во Детската градинка “Младост“ во Тетово, кои оваа година поради паднемијата со коронавирусот се спроведуват по електронски пат. Установата оваа постапка ја воведе со цел заштита на здравјето на родителите и децата, како и на вработените, со што овозможи безконтактна административна услуга.

Обично повеќе интерес има за детските градинки во градот. Во 5-те објекти можат да се сместат 570 деца. Но, со најавеното отварање на градинки во руралните општини, листите на чекање ќе бидат помали.

Оваа година, во детската градинка Младост, заедно со центрите за ран детски развој се испишаа 420 деца, кои во новата учебна година ќе бидат првооделенци.