Уписи во основно и средно образование

Од први јуни ќе започнат уписите на првачињата во тетовските училишта. Требаше да се реализираат од први мај, но заради ситуацијата со коронавирусот уписите беа одложени, а ќе траат до 15 јули. Училници има, основните училишта се подготвени за примање на првачињата, вели Ахмед Ќазими од Секторот за јавни дејности.

„Од први јуни ќе започнат уписите во основно образвание, а ќе траат до 15 јули. Веќе има креирано и комисија која ќе одлучува по тоа прашање. Училиштата се подготвени да примат доволен број на нови ученици. Се надеваме дека одзивот ќе биде соодветен“, вели Ќазими.

Родителите на првачињата ќе треба да се обратат во училиштата за да се изврши уписот на детето. Што се однесува до средните училишта, уписите исто така се извршуваат лично, но дел од нив нудат запишување во средното образование по електронски пат.

„И во средните училишта е формирана комисија, која ќе ги разгледува документите на заинтересираните ученици. Имаме доволно простор за соодветен број на класови и ученици. Се очекува да има доволен број на средношколци“, истакнува Ќазими.

Бројката на полуматуранти годинава во тетовско е околу 2000. Бројот на слободни места во прва година од средното образование изнесува 3680 ученици. Предвидено е да се примаат по 34 ученици во еден клас, а бројката на оние ученици кои го завршуваат средното образование, исто така е околу 2000.

error: Content is protected !!