Ученици од социјално загрозени семејства во општина Тетово ќе добијат лап топ комјутери

Од општина Желино, пак, чекаат одговор од ресорното Министерство за да го решат проблемот со учениците кои немаат опрема или интернет.

Општина Тетово започна со дистрибуција на лап топ комјутери за учениците кои немаат опрема и не можат да го следат процесот на учење на интернет. Станува збор за 300 комјутери кои се користеа во училиштата, а сега учениците ќе ги користат дома се додека трае одлуката на Владата за затворање на училиштата и онлајн наставата. Со оваа активност локалната самоуправа треба да обезбеди околу 500 семејства.

156 ученици, од вкупно 2 800 во општина Желино, немаат соодветна опрема за следење настава на далечина. Доректорите на училиштата се обратиле до Министерствоот за образование и наука за решавање на овој проблем, но до денес не добиле одговор.

Министерството за образование и наука најави дека ќе им обезбеди бесплатен пристап на интернет на децата од социјално загрозените семејства за да ја следат наставата од дома.

error: Content is protected !!