Училишниот базен во Тетово, кој го градеше Агенцијата за млади и спорт денес беше предаден на користење на Општината

Од септември истиот ќе може да биде пуштен и во употреба. Во меѓувреме се работи на проект за изведување на сончеви панели. Инаку ова е првиот од 14-те базени кој е целосно изграден.

Салата на базенот има димензии 20 со 30 метри со површина од 600 метри квадратни. Има соблекувални, тоалети и туш кабини. Базенот е долг 25 метри, широк 9 метри, додека длабочината е од 0,80 до 1,20 метри.