УЈИЕ проект за мултимедијални компетенции за универзитетскиот кадар

Проектот „MUST“ има за цел да ги развие мултимедијалните вештини на универзитетскиот кадар, за поефективно пренесување на стекнатото знаење кон општествените структури.

Денес на Универзитетот на југоисточна Европа беше одржана презентација на проектот „MUST“ кој има за цел да ги развие мултимедијалните вештини на универзитетскиот кадар, за поефективно пренесување на стекнатото знаење кон општествените структури. Во проектот се вклучени партнери од пет различни држави.

Во рамките на неделата за вмрежување на проекти и интернационализација, денес на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа презентација на проектот „MUST“ – проект за мултимедијални компетенции за универзитетскиот кадар. Во проектот се вклучени партнери од пет различни држави, а истиот има за цел да ги развие мултимедијалните вештини на универзитетскиот кадар, за поефективно пренесување на стекнатото знаење кон општествените структури.

Во неделата на интернационализација  на УЈИЕ се предвидени низа активности, од кои повеќето се поврзани со проектите координирани од Истражувачкиот институтот  Макс ван дер Штул.

Ивана Серафимовска