Физички напади, приведени лица и повреден работник се случувањата регистрирани во полицискиот билтен

52-годишен гостиварец вчера пријавил дека неговиот малолетен син и уште еден ученик, негов другар, биле физички нападнати од неколку други ученици во гостиварско средно училиште.

Ноќеска околу 1 часот бил лишен од слобода 49-годишник од гостиварско село кој, во алкохолизирана состојба, претходно, физички ги нападнал неговата сопруга и малолетниот син со употреба на остар предмет.

Десетина минути по полноќ, пак, бил приведен и 30-годишник од гостиварска Лакавица, кој претходно агресивно се однесувал и додека пријавувал пожар на неговото возило, ги навредувал и омаловажувал полициските службеници.

Од СВР Тетово информираат и за приведување на две лица од Чеченија-Руска Федерација, во Гостивар, бидејќи при нивен преглед и претрес извршен со судска наредба во собата на угостителскиот објект во кој престојувале, била пронајдена марихуана.

Вчера во полицијата пријавено е дека во гостиварска фабрика, додека монтирале опрема во производствен погон, се повредил 32-гшдишник од Гостивар, кој е пренесен е во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

error: Content is protected !!