Филип Костадиноски и Горјан Спировски создале платформа преку која се добиваат препораки за високи и квалитетни приноси од земјоделската површина

Поттикнати од фактот дека земјоделието како сектор, се соочува со многу проблеми, како на локално така и на глобално ниво, двајца студенти од Тетово создале платформа преку која се добиваат препораки за високи и квалитетни приноси. Преку уредот, кој се поставува на земјоделската површина, на одреден временски интервал се врши отчитување на вредностите на неколку параметри на почвата, при што земјоделецот информациите ги добива преку веб и мобилна апликација, пример какво наводнување или прскање е потребно.

            Самиот систем е енергетски одржлив и може да се постави каде било, без приклучок на електрична енергија. Инаку овој апарат е универзален, па може да се користи и во превенција на несакани природни непогоди.

            Инаку велат дека идејата ја добиле за време на пандемијата, кога имале повеќе слободно време. Поддршка добиле најпрво од европските фондови за иновации, а во октомври минатата година основале и фирма со помош на мерките на Агенцијата за вработување. Се надеваат дека ќе создадат успешна бизнис приказна.

Данијела Билбилоска