Филмскиот фестивал „Watch out“ се одржува во Тетово по 11 пат
Започна 11-тиот Филмски фестивал „Watch out“ во Тетово. Тетовчани на отворено ќе можат да погледнат 34 филма од различни земји, а меѓу нив и победниците. Во рамки на овој фестивал се одржуваат и работилници за филм, култура и активизам.
Тетово е домаќин на 11-тото издание на Филмскиот фестивал „Watch out“, во организација на Центарот LOJA. Ова издание има богата програма на филмови и работилници од меѓународно признати филмски режисери, продуценти, автори и артисти. Филмските проекции се одржуваат на отворено во дворот на Музејот во населбата Два Брста. Во програмата се 34 филмови, а се пријавиле 850 филмови од 85 земји.
На отворањето на филмскиот фестивал присуствува и германската амбасадорка и директорката на Гете-институтот, кој го поддржува овој настан.
„Драго ми е што денес го славам со вас отворањето на „Watch out“ фестивалот во Тетово. 11 издание во Тетово што значи дека е многу значајно за градот. Мислам дека културата многу значи за народот во секоја држава. Сезоната на фестивали почнува секаде во Европа деновиве, ајде сите да ја славиме културата заедно. Многу е важно да се поддржуваат ваквите настани и затоа ние го правиме тоа“. – изјави Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија
„Многу сум задоволна што сме присутни на 11 тот издание на фестивалот кој стана познат. Благодарение на овој прекрасен тим, го гледаме и ова вечерва и драго ми е што се негува интернационалноста на овој фестивал може да гледаме филмови од секој дел од светот, што го прави фестивалот уникатен“. – изјави Катрин Оствалд Рихтер, директорка на Гете-институт
Ова издание на WatchOut! Филмскиот фестивал има за цел да го врати гласот на активизмот преку уметноста во јавниот простор. Со филмови од целиот свет, ќе се прикаже разновидноста на киното и неговата убавина. Изданието на овој фестивал е во духот на активизмот за да ја охрабри борбата за правата и зачувување на јавниот простор и општествата.
Во категоријата документарен филм стручно жири за победник го прогласи филмот „Познат странец“ од Адишни Матиаланган од Сингапур. Кај експерименталните филмови победи „Ние сме Земјата“ од Зое Росе од Франција и во категорија кратки филмови победник „Чисто и добро осветлено место“, од авторот Нелсон Урданета од Аргнетина /Венецуела.
Данијела Билбилоска