ФК Гостивар со прволигашки амбиции

Фудбалскиот клуб Гостивар во новата сезона влегува со амбиции за пласман во 1. лига. Клубот во овој преоден рок донесе неколку квалитетни засилувања, со кои екипата со сигурност ќе се вмеша во борбата за првото место во 2. лига – Запад. До сега во Гостивар пристигнаа Христијан Кировски, Иван Настевски, Агон Имери, Едиз Спахиу, Алмир Реџепи, Петар Љамчевски и Ардит Зеќири.

Екипата на Гостивар веќе го одигра и првиот контролен натпревар и тоа против Шкендија. На овој натпревар гостиварци беа поразени со 1-0 со голот на Имери, но тренерот Топчиу е задоволен од прикажаното на неговите играчи.

Според најавите од Фудбалската Федерација на Македонија сезоната во второлигашката конкуренција ќе започне на 22ри август.