ФК Дрита ги започна подготовките за пролетниот дел

Екипата на Дрита прва од сите второлигаши денес ги започна подготовките за пролетниот дел од 2. лига – Запад. Тренерот Ардиан Имери за продолжението од сезоната ќе има на располагање пет нови фудбалери и тоа: Дејан Лескароски, Амир Јашар, Куштрим Таири и Шпенд Асани (сите од Вардар Форино) и Ваљон Зеќири (Тетекс). Подготовките ќе се одвиваат на стадионот во Боговиње и на теренот со вештачка трева во Тетово. Закажани се и неколку пријателски натпревари:

11.01 (Тетово) – Дрита – КЕК (Косово)
16.01 (Тетово) – Ренова – Дрита
21.01 (Охрид) – Дрита – Јагодина (Србија)
27.01 (Тетово) – Дрита – Слога Виница

Во план е одигрување на уште неколку контролни натпревари, но противниците и термините ќе бидат дополнително познати, но сигурно е дека ќе се игра со неколку српски екипи кои ќе се подготвуваат крај Охридското езеро.

error: Content is protected !!