ФК Ренова во среда се враќа од Охрид

Екипата на Ренова во моментов ја одработува последната фаза од подготовките за продолжението од 1. лига. Избраниците на тренерот Ќатип Османи во Охрид одиграа три натпревари на кои забележаа две победи (Јагодина 2-1 и Велешта 6-1) и еден нерешен резултат (Работнички 3-3).

Последниот контролен натпревар на подготовките во Охрид, фудбалерите на Ренова ќе го одиграат во среда против ФК Охрид со почеток во 10 часот на главниот терен на СРЦ “Билјанини Извори“.

error: Content is protected !!