ФК Ренова ги продолжи договорите со 8 фудбалери

Екипата на Ренова откако го продолжи договорот со Стручниот штаб на чело со тренерот Бујар Исљами, ги продолжи договорите и со 8 фудбалери. Гафури, Бурим Садики, Велија, Фетаи, Селмани, Мишковски, Абдула и Нехар Садики ќе останат во редовите на гипсарите од Џепчиште уште најмалку една сезона. Раководството на Ренова со овој потег почнува да ја комплетира екипата која летово ќе настапи во квалификациите за Лигата на Европа, воедно и во новата сезона во првата македонска фудбалска лига.

error: Content is protected !!