ФК Ренова започна со тренинзи


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Фудбалскиот клуб Ренова започна со тренинзи пред најавеното продолжение на првата македонска фудбалска лига. Тренинзите се одвиваат според протоколот за тренинг, кој во првата фаза предвидува индивидуални тренинзи и тренинзи во помали групи. Според Шефот на стручниот штаб на Ренова, Бујар Исљами, ќе биде многу тешко да се подготват играчите во овие услови.

Тренерот на Ренова, смета дека при носењето на одлуката за продолжување требало да се земе во предвид и здравјето на играчите, но и на сите вклучени во фудбалот, со оглед на тоа дека за време на натпреварите не е можно држење на дистанца.

Според одлуката на Комисијата за натпреварување, првенството во 1. лига треба да продолжи кон средината на месец Јуни.