ФК Ренова се подготвува во Охрид

Фудбалерите на Ренова во Охрид ја одработуваат втората фаза од подготовките за продолжението од Првата МФЛ. Таму веќе беа одиграни два контролни натпревари против Лабуништа (0-1) и Кораб Пешкопеја (5-0), а планирано е одигрување на уште два тест дуели. Тренерот на Ренова, Бујар Исљами, во телефонски разговор ја пренесува атмосферата од подготовките во Охрид.

Задоволен сум од тоа како се одвиваат подготовките. Играчите даваат максимум на секој тренинг и на секој пријателски натпревар. До сега доведовме две засилувања, Абдула и Гавазај, а потребни ни се уште двајца играчи за да го комплетираме ростерот – изјави тренерот на Ренова, Бујар Исљами.

Ренова во Охрид ќе остане се до 2-ри Февруари, а пролетниот дел од прволигашката конкуренција започува на 16-ти Фецруари со домашниот натпревар против кратовски Силекс.

Powered by Live Score & Live Score App