ФК Тетекс ги започна подготовките

Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово веќе неколку денови се подготвува за продолжение од сезоната во 2. МФЛ – Запад. Тренинзите се одвиваат на теренот со вештачка трева на Спортскиот центар во Тетово. На првите тренинзи се приклучија и новите фудбалери, а тоа се: Димитар Иванов (Осогово), Божидар Митревски (Силекс), Ринор Ајдини (Кадино), Александар Пановски (Слога Виница), Силвио Ангеловски (Осогово) и Христијан Стојановски (Каменица Саса).
Во текот на подготовките планирано е да се одиграат и неколку контролни натпревари:

23.01 – (Скопје) – Работнички – Тетекс
27.01 – (Велес) – Борец – Тетекс
30.01 – (Охрид) – Тетекс – Јагодина (Србија)
01.02 – (Охрид) – Струга Трим Љум – Тетекс
03.02 – (Охрид) – Тетекс – КЕК-у (Косово)
04.02 – (Охрид) – Караорман – Тетекс
13.02 – (Скопје) – Тетекс – Каменица Саса
18.02 – (Тетово) – Тетекс – Брегалница Штип
20.02 – (Штип) – Кит Го Пехчево – Тетекс

error: Content is protected !!