ФК Тетекс со подновен состав ги започна подготовките за серијата нови натпревари во втората лига

ФК Тетекс со подновена екипа ги започна подготовките за серијата нови натпревари во втората лига. Утрово со прозив на новите фудбалери и оние од претходната сезона, беше претставен дел од новоформираниот тим којшто неуморно ќе се подготвува во пресрет на серијата нови натпревари во пролетниот дел од сезоната 2022\2023 во рамки на втората фудбалска лига во Македонија. Иако многумина не веруваат дека Тетекс и со подновена постава може да опстои како второлигаш, тука се тренерите и целото раководството на клубот со напорна работа и дисциплина  да ги демантираат како што велат ваквите тврдења. Нашата екипа беше присутна и на првиот тренинг на подновената екипа на клубот.

Во силна конкуренција во втората фудбалска лига, за фудбалскиот клуб Тетекс важен ќе биде секој бод, а главната цел е клубот да остане во лигата.

Пред извесен период пак, клубот доби нов претседател, а беа претставени и членовите на новиот управен одбор, кои најавија подобра иднина за клубот откако подолго време се справуваше со низа предизвици.

Ивана Серафимовска