ФК Тетекс ќе игра на “Градскиот стадион”

Фудбалскиот клуб Тетекс после долги пет години, повторно своите домашни натпревари ќе ги игра на Градскиот стадион во Тетово. Текстилците долго време како домаќини играа на различни терени низ Скопје, па дури и во Велес, за последните години да се врати во Тетово, но на стадионот со вештачка трева на Агенцијата за Млади и Спорт на Спортскиот центар. Првиот натпревар од новото првенство во 2. лига – Запад, Тетекс ќе го одигра во недела, 23.08.2020, со почеток во 17 часот, против екипата на Кораб од Дебар.

error: Content is protected !!