Фотоволтаична централа во тетовското село Теново

На пуштањето во употреба присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Денес беше пуштена во употреба втората Фотоволтаична централа на компанијата „Енерго ЕР Груп“ во тетовското село Теново, како дел од троделен парк, кој би ја задоволил потрошувачката на електрична енергија за околу 450 домаќинства.

Ова е 4-та ваква централа изградена на приватно земјиште во нашата држава, а ќе бидат изградени повеќе од 10-тина.

На пуштањето во употреба беше истакнато значењето на обновливите извори на енергија токму на Денот на планетата Земја.

Вкупната вредност за изградба на овој парк изнесува 1,6 милион евра.