Фото групата „Чкрап“ ја одржа својата 17 годишна изложба

Уникатни, креативни, слободни – селекцијата на фотографии кои членовите на фото групата „Чкрап“ ја избраа за оваа година, повторно привлече големо внимание кај љубителите на фотографијата. Традиционалната годинешна изложба, ја отворија во Музејот на тетовскиот крај, на отворено небо – овој пат поразлично од минатите години – со маски и почитување на протоколи за заштита. Групата прерасна во вистинска дружина на слободоумни фотографи, а сега брои членови и од други градови.

Изложбата нема посебна тематика – фотографите имаат слобода да го изберат најдоброто од нивите сработени дела во изминатата година. Драги Неделчевски вели дека повеќе се претставени самите фотографи отколку фотографиите. 

Досега не одржале изложба во услови на пандемија – но, фотографите и во вакво време ја изразуваат својата креативност, па на свој начин прават како што вели Неделчевски, запис за едно многу необично време.

Ова е нивна 17 изложба – заинтересираноста на Тетовци и другите љубители на фотографијата беше голема, па иако со маски, сепак уживаа во изразот на фотографите од „Чкрап“.

error: Content is protected !!