Фудбал: Вардар Ф. – Ренова 0-2

Екипите на Вардар од Форино и Ренова на Градскиот стадион во Гостивар одиграа контролен натпревар во рамки на подготовките за новата сезона. Во првиот дел двете екипи беа рамноправни и Ренова не успеваше да го најде патот до голот на квалитетниот второлигаш од гостиварско Форино. Сепак, во вториот дел до израз дојде искуството на фудбалерите на Ренова, кои со головите на Рамадани од пенал во 60 и на Шефити во 61 минута забележаа победа од 2-0. Двајцата тренери после натпреварот истакаа дека се задоволни од тоа што го прикажале нивните избраници, со оглед дека ова и за двете екипи беше прв натпревар во подготвителниот период.

Натпреварот на Градскиот стадион во Гостивар беше прв после пауза од 125 денови кој се одигра во полошкиот натпревар. Последниот фудбалски натпревар пред прекинот поради пандемијата на Ковид-19 беше на 11 март, кога во рамки на првата лига Шкендија играше дома против Работнички.