Функционирање на организираниот превоз со максимално почитување на заштитните мерки

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи уште еднаш ја потенцираше важноста на функционирањето на организираниот превоз. Таа додаде дека оваа активност треба да се одвива со максимално почитување на заштитните мерки и стандардите.

„Со оглед на тоа дека се отвораат и меѓународните граници, постепено треба и ние да размислуваме за нормализирање на животот и дозвола за транспорт меѓу региони. Се разбира дека тоа треба да се одвива според строги правила и стандарди, со максимално запазување на заштитните мерки“, рече Арифи.

Арифи уште еднаш апелираше до граѓаните, да ги сведат контактите на минимум и да ги почитуваат препораките на здравствените власти.

„Граѓаните треба да сфатат дека мора да продолжиме да живееме со вирусот, но да ги почитуваме здравствените препораки, да се грижиме за нашето и здравјето на најблиските“, истакна Арифи.

Општината во неколку наврати бараше да се ослободи транспортот меѓу региони.

error: Content is protected !!