ФФМ ги одреди двојките и термините за бараж натпреварите за 2. лига

Денес во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија беа одредени двојките и термините за бараж натпреварите за пополнување на двете втори лиги.

Бараж за пополнување на 2. лига – Запад:
07.07 – Чаклани (Беса) – Фортуна
10.07 – Чаклани (Беса) – Велешта
13.07 – Фортуна – Велешта
Сите натпревари се играат на Градскиот стадион во Тетово со почеток во 17 часот без присуство на гледачи. Само победникот од групата обезбедува пласман во повисок ранг.

Бараж за пополнување на 2. лига – Исток:
10.07 – Росоман – Слога Виница
Натпреварот се игра со почеток во 17 часот на Градскиот стадион во Штип, без присуство на гледачи. Само победникот обезбедува пласман во повисок ранг.

error: Content is protected !!