ФФМ ги одреди патниците во Европските купови

Управниот одбор на ФФМ донесе неколку значајни одлуки, а најважна од сите беше одредувањето на екипите кои ќе ја претставуваат Македонија во европските купови ова лето. Екипата на Силекс ќе го заземе местото на Вардар во квалификациите за Лигата на Шампиони, додека во квалификациите на Лигата на Европа ќе учествуваат екипите на Шкендија, Ренова и Шкупи.

На седницата на Управниот одбор беше одлучено следната сезона во 1. лига да започне на 9ти август. На 22 август ќе стартуваат двете втори лиги, додека на 23 септември со натпреварите од 1/16 финалето ќе започне и Купот на Македонија.

Трансфер периодот во македонското првенство е продолжен за 7 дена, и тој ќе заврши на 6 септември, а не како што беше претходно предвидено на 31 август, што значи клубовите добиваат подолг период за правење на трансфери.

Последната одлука на Управниот одбор е утврдувањето на терминот за одржување на редовното годишно собрание на ФФМ, кое сега е закажано за на 12 јули.

error: Content is protected !!