Хаосот и гужвите пред седиштата на тетовските банки никако да се доведе во ред

Хаосот и гужвите пред седиштата на тетовските банки никако да се доведе во ред. Клиентите чекаат по неколку часа, некогаш и цел ден да завршат оддредена работа. Дел од нив не носат маски, а физичката дистанца е невозможно да се одржи.

Залудни беа повеќето апели на граѓаните за воспоставување на ред пред банките. По нивните реакции за асистенција на полицијата и армијата, присуството на овие органи беше неколку дена, а пота истата приказна.

Денеска граѓаните револтирани, велат дека полицијата била на кратко и веднаш заминала. Мора належните да воспостават ред, ако сакаме да го заштитиме здравјето на граѓаните.

Од СВР Тетово, велат дека одржувањето на редот во и пред влезовите на банките и справувањето со редиците е обврска на истите, а во тие рамки и почитувањето на членот 6 од владината Уредба за задолжително носење на заштита на лицето (маски, шалови, марами или други прекривки), како и одржување на физичка дистанца.

Полицијата, односно во случајов СВР Тетово, е надлежна за одржување на јавен ред и мир, доколку биде пријавено или доколку утврди негово нарушување од поединци или групи на граѓани.

Оттаму веалт дека нивни екипи континуирано преземаат мерки за откривање и законско санционирање на поединци кои не ја почитуваат споменатата Уредба  на отворен, јавен простор, додека санкционирањето на прекршителите во затворен простор е надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!