Хуманитарна акција

Спроведена хуманитарна акција за помош на семејство од Сиричино.

Средношколци – волонтери во проектот за хумани вредности при општинската организација на Црвениот крст – Тетово, во паркот во Ајдучко маало во Тетово започнаа хуманитарна акција со продажба на пијалаци. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на семејство од тетовско Сиричино.