Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на трибина со земјоделците во Тетово
Вчеравечер во Тетово во организација на централната комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ, беше одржана трибина на тема актуелните состојби во земјоделството во Македонија со акцент на Полошкиот регион. Трибината ја водеше претседателот на комисијата за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, кој истакна дека тие како партија на земјоделците ќе им понудат идни мерки и решенија за решавање на актуелните проблеми во земјоделскиот сектор.
Отворениот дијалог со земјоделците и нивните проблеми и предизвици со кои се соочуваат како што најави Трипуновски ќе продоложи и во наредниот период во повеќе населени места во државата.
Ивана Серафимовска