Целовечерен концерт на „Танец“ во Тетово
Тетовската публика утре ќе може да ужива во целовечерен концерт на Националната установа Ансамбл за народни песни и ора „Танец“. Почетокот е закажан за во 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“.
ТАНЕЦ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претставува највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ.
Данијела Билбилоска