Централната власт ќе ги преземе ингеренциите на општините коишто не можат да менаџираат со отпадот

Поради фактот дека дивите депониите се постојан проблем, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на денешната прес-конференција порача локалните власти да ги заилат инспекциите на терен за граѓаните да не можат да фрлаат смет насекаде.

Депонијата Русино која со години е горлив проблем за гостиварци, засега е единственото решение за депонирање на отпадот од полошките општини.

Иако граѓаните преку протести и блокади бараат нејзино дислоцирање, сепак Русино не може целосно да се затвори, затоа што ќе нема каде да се носи сметот на граѓаните, рече министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека од локалните власти е побарано да го поминат инфраструктурниот план за да може да почне реализацијата на Швајцарскиот проект.

За во иднина да не се создаваат депонии министерот Нуредини порача на локалните власти да ги засилат инспекциите.

Централната власт ќе ги преземе ингеренциите на локалните самоуправи, коишто нема да бидат успешни во менаџирањето со отпадот. Иако досега не е преземен ваков чекор, сепак постои таква можност од 2018 година со Одлука на Владата.

error: Content is protected !!