Централниот регистер информира дека рокот за поднесување годишна сметка е продолжен

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар меѓу кое и од Комората на сметководители, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка, согласно новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за поднесување до 24.03.2020 година.

„Иако 95% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција,  секогаш е спремна да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности“, велат од Централниот регистер.

Исто така од оваа институција апелираат при поднесување на пријави за упис на основање, промени и бришење на трговски друштва и трговци поединци во единствениот трговски регистар преку системот за Е- регистрација, при изборот на начин на превземање на решенијата за упис, да ја одберете опцијата ПРЕВЗЕМАЊЕ ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА, (не во харитена форма), со цел се редуцира физичката присутност на шалтерите во затворени простории за времетраењето на мерките за заштита и превенција од ковид-19.

error: Content is protected !!