Црвениот крст Гостивар достави над 1.200 хуманитарни пакети

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Хуманитарните организации на гостиварска територија периодов кога владее вонредна состојба поради коронавирусот, секојдневно се активни на терен. Општинската организација на Црвениот Крст изминативе две недели достави над 1.200 пакети со храна и средстава за хигиена на социјално загрозени семејства во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше. Пактетите се обезбедени како донации од локалните компании и граѓани поединци. Црвениот Крст има и мобилни тимови за достава на лекови и неопходни продукти на старите и болни лица.

„На терен имаме два мобилни тима, кои до домовите им ги носат потребните лекови, храна и друго на стари, изнемоштени и болни лица. Тимовите ќе бидат активни и за време на полициски час и во викендот додека трае карантинот“, рече Мерита Алили, секретар на Црвениот Крст.

Од почетокот на кризата во Гостивар беше формирано посебен Совет, кој ги координира  активностите на хуманитарните организации и донаторите. Од координативниот Совет нагласуваат дека е особено важно, доставувањето на хуманитарните пакети да се одвива на безбеден начин, за да се намали ризик од ширење на вирусот.

„Организациите кои делуваат на ова поле мора да ја сфатат важноста за почитување на стандардите при доставување на хуманитарна помош. Недозволиво е никој тоа да го прави своеглаво, неопходно е целиот процес да се одвива под услови кои се безбедни и за тие што ги носат и за семејствата кои ги примаат пакетите“, рече Љулзим Хазири, претседател на Советот.

Следната недела Координативниот совет ќе одржи состанок со организациите на кој ќе ги потсети на правилата и мерките кои треба да ги почитуваат при работа на терен.

Материалы по теме:

ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар стана дел од германскиот проект „Партнери на иднината“
Со потпишување на договор на пригоден настан, се официјализираше соработката меѓу Основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар и Гете институтот, со кој гостиварското ...
Во гостиварските училишта тргнаа 660 првачиња
Во училиштата на гостиварска територија во оваа учебна година во прво одделение тргнаа околу 660 деца. Училишните управи и учителките утрово им подготвија весели ...
Секторот за образование алармира на недостиг на учебници во училиштата во Гостивар
Недостигот на учебници во основните и во средните училишта е загрижувачки и Министерството итно мора да преземе мерки, потенцираа денес на прес конференција од ...
Почнаа подготовките за поставување на ковид центарот во Гостивар
Започнаа теренските подготовки за поставување на монтажниот ковид центар во Гостивар. Градежна механизација од вчера работи на уривање на објектот на поранешното одделение за ...
Во болницата во Гостивар хоспитализирани се 54 ковид пациенти
Есенскиот бран кој резултира со зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус во Гостивар ги полни болничките одделенија предвидени за третман на заболени со ...