Четврти состанок на Кризниот штаб при Општина Тетово за борба против COVID-19

Денес се одржа 4 тиот состанок на Кризниот штаб за борба против Корона вирусот и од таму информираат дека во нашата општина има 6 случаи на потврдени случаи заразени со корона вирусот.
Од нив тројца се со живеалиште во општина Тетово, еден во општина Желино, еден во општина Боговиње и еден жител на општина Јегуновце со место на живеење во општина Теарце. Според раководството од Клиничката болница, тие се подготвени со капацитет од 400 кревети и со медицински персонал во случај на новозаразени со корона вирус.

Во овој момент во општина Тетово има 235 лица кои се наоѓаат во самоизолација , додека 64 лица се во карантин во хотелите на Попова Шапка кои служат за оваа намена , а со одлука на Владата на РСМ.

Црвениот крст продолжува со доделување на помош на социјалнозагрозените лица и на лицата во самоизолација.

На состанокт беше истакнато дека службите на ЈКП Тетово заедно со припадниците на ТППЕ при општина Тетово континуирано вршат дезинфекција на градот но и на населените места околу градот , па така во изминатиот период истата беше направена во населените места Порој,Џепчиште, Голема и Мала Речица како и на површините на хотелите на Попова Шапка наменети за самоизолација на пристигнатите граѓани. Од денес се продолжува со целосна дезинфекција на населените места под Шарпланинскиот предел како и на селата Сараќино и Фалише.

error: Content is protected !!