Четвртото издание на театарскиот фестивал „Отело“ во Гостивар посветено на комедијата


Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Гостивар по четврти пат ќе биде дом на театарската магија. Утревечер, со претставата „Кокошка“ на Бугарскиот театар „Сфумато“, почнува 4-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал Отело. Поради пандемијата, претставите ќе се играат на отворена сцена во кругот на објектот на „Игнација“, под мерки за заштита од коронавирус.

„Се потрудивме максимално да го организираме фестивалот според протоколите за заштита, со оглед на ковид пандемијата. Претставите ќе се играат на летна сцена, чија подготовка е веќе при крај. На програмата се ставени претстави со помалубројна актерска екипа, по 5 до 6 актери за да се избегнат гужви, да го заштитиме здравјето и на уметниците и на гледачите“, рече Берат Салиу, продуцент на фестивалот.

Влезот е бесплатен, бројот на публиката ограничен, а носењето на маски задолжително.Фестивалот ќе се одвива во пет вечери.

„Отвораме утревечер со претставата „Кокошка“, потоа на 23 септември игра Тетовски театар и тетовски универзитет со „Зоолошка приказна“, на 24 септември Тетатарот „Златен елец“ од Скопје со „Не ми го чепкај пивото“, на 25 септември Градскиот театар Прешево-Србија со „Мистерија“ и на 26 септември театарот од Тирана, Албанија со „Не слуша, не гледам, не зборувам“. Одбравме претежно комедии затоа што сметаме дека во ова време на секој добро би му дошло да се насмее“, рече Хајдар Хајдари, маркетинг менаџер на фестивалот.

Фестивалот ги доделува наградите за: најдобра претстава, режисер, актер и актерка.

Театарскиот фестивал „Отело“ се реализира со поддршка на Министерството за култура и Општина Гостивар.