Четири нови засилувања во ОК Универзитет Тетово

Раководството
на Одбојкарскиот клуб Универзитет
Тетово со неколку репрезентативни
засилувања најавува атак на освојување
на титулите во првенството и купот на
Македонија.

Клубот есенскиот дел од сезоната заврши на 4-тата позиција, но со неколкуте нови одбојкари сигурно е дека ќе се вмеша во борбата за трофеите на македонската одбојкарска сцена.

Благодарност во раководството на Државниот Универзитет во Тетово за поддршката која ни ја дава и што му овозможи на градот да има квалитетни одбојкарски клубови. – изјави Претседателот на ОК Универзитет Тетово, Елмедин Амети.

Нови имиња во редовите на тетовскиот прволигаш се македонските репрезентативци Клопчевски и Стошиќ, потоа репрезентативецот на Косово, Адриатик Бериша, како и репрезентативецот на Колумбија, Иван Андрес Хуртадо Мина.

Имаме квалитетна екипа и сакам да ги освоиме и првенството и купот на Македонија. – рече новиот одбојкар на Универзитет Тетово, колумбискиот репрезентативец, Иван Андрес Хуртадо Мина.

Соработката со Универзитет Тетово ја продолжи и репрезентативецот Дарко Ангеловски, кој слично како и Претседателот на клубот, не ги крие амбициите за оваа сезона.

Се договоривме да ја продолжиме соработката уште најмалку за оваа полусезона. Доведовме квалитетни засилувања и амбициите ни се да се вмешаме во борбата за трофеите. – изјави Дарко Ангеловски, одбојкар на Универзитет Тетово

Во следниот период се најавени и нови одбојкари кои ќе му пристапат на Универзитет Тетово, со што клубот и дефинитивно ќе се вмеша во борбата за трофеите.

Powered by Live Score & Live Score App