Четири нови случаи со коронавирус во тетовско

Четири нови случаи се евидентирани во Општина Тетово и соседните општини. Новозаразените пациени со КОВИД 19 овој регион со става на првото место по бројот на активни случаи после градот Скопје.

На денешниот кризен штаб кој го одржа Општина Тетово, беше констатирано дека се почестите случаи на заразени со коронавирус е доволен показател дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките на здравствените власти пред се за носење заштитна опрема и држење на физичка дистанца.

И граѓаните сметаа дека недоволно се почитуваат мерките.

-Не се почитуваат здравствените препораки, тука треба државата да биде поригорозна, кога некого ќе го удриш по џеб веднаш потоа таа личност е посевесна и посвесна, рече една жителка на Тетов.о

Во изолација со одлука во општина Тетово се вкупно 142 лица, во самоизолација 62, додека во државниот карантин на Попова Шапка има 61 лице.СВР Тетово информира дека во текот на овие денови се издадени 295 забелешки за неносење на заштитна опрема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Powered by Live Score & Live Score App