„Читаме за нашата душа“ – проект на Националната установа библиотека “Кочо Рацин” – Тетово

Денес во паркот на Шарена џамија во Тетово Националната установа библиотека “Кочо Рацин” започна со реализацијата на проектот „Читаме за нашата душа“. Иститот е со цел афирмација на книгите и читањето, а во него учестуваат ученици од 5 основни училишта од Тетово.

Инаку теотвската библиотека започна и со реализација на проектот „Клуб на читатели – пензионери“. Група од неколку повеќегодишни редовни читатели – пензионери и дел од библиотекарите вчера беа во посета на манастирскиот комплекс во с. Лешок. Во текот на средбата било разговарано за новите наслови во библиотеката, а посебен осврт и анализа беше направена за делата романи-трилери од странски автори преведени на македонски и албански јазик.