Шапка преполна и изминатиот викенд


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Пандемијата придонесе граѓаните да ги посетуваат домашните туристички дестинации, така што оваа сезона хотелиерите се задоволни.

Посетителите на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка уживаа во убавото сончево време и снегот и на минусните температури. Дел од нив се задоволни од условите, а други велат дека не е доволно искористен потенцијалот на планината.

Од Ски центарот информираа дека сезоната тече во најдобар ред. За љубителите на скијањето најавуваат дека на почетокот на февруари ќе биде пуштен во функција и шестоседот.

Хотелиерите оваа сезона се задоволни од посетеноста и исполнетоста на сместувачките капацитети. Велат дека пандемијата придонесе граѓаните повеќе да ги посетуваат домашните туристички дестинации.

Како и претходните викенди, така и овој, можеше да се забележи долгата колона возила паркирани долж патот кој води до центарот.