Шестоседот на Попова Шапка денеска свечено беше пуштен во употреба

После 6 години изградба, шестоседот на Попова Шапка денеска свечено беше пуштен во употреба

Жичницата  ќе има капацитет да превезува 2600 туристи на час, но засега неместо за скијање поради недостиг на снег, ќе се користи само за панорамско разгледување.

Министерот за економија Крешник Бектеши, истакна дека се разгледуваат опции за поставување на инсталација за вештачки снег, проект кој ќе овозможи скијање преку цела сезона.

Шестоседот во изминативе децении е прва сериозна инвестиција на Попова Шапка. Најновата физибилити студија понудила три опции за развој на центарот. Едната е со неа да управува ЕСМ, другата нуди јавно приватно партнерство , а третата приватен концесионер.

Шестоседот на Попова Шапка започна да се гради уште во 2014 година, но постапката се одолговлекуваше поради погрешните локации за изградба каде поминуваа главните извори од кои Тетово се снабдува со вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!