Ширум светот се одбележува 8-ми Март – денот на жената
На овој ден посебно се става акцент на борбата на жените за економска, социјална и политичка рамноправност со мажите во едно општество. Фактите велат дека организираните барања на жената за половата еднаквост, учество во јавниот живот, како и подеднакви права и обврски со мажот за првпат се појавуваат во 20 век. Додека симболиката на овој празник треба да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите на работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално-политички статус во општеството.
Празникот меѓу другото е синоним на подарување цвеќе, а градскиот плоштад во Тетово, традиционално нуди огромен избор на цветни подароци, па и годинава беше раздвижено. Голем број активности низ градското подрачје на Тетово по повод празникот, а една таква беше и делењето цвеќе на жените-возачи и летоци под мотото „Биди горда што возиш безбедно“ од страна на волонтерите на Црвениот крст и припадници на СВР Тетово.
Инаку, освен во Тетово, полициските службеници 8-мо мартовски флаери им делеа и на жените-возачи во Гостивар.
Ивана Серафимовска