Шкендија и Жуниор официјално ја прекинаа соработката

Бразилскиот фудбалер за врска, Жуниор и ФК Шкендија официјално потврдија дека спогодбено ја раскинаа соработката. Бразилецот во Тетово пристигна пред 5 години од битолски Пелистер и беше дел од најголемите успеси на тетовскиот прволигаш во неговата историја. Следен клуб на Жуниор ќе му биде летонскиот прволигаш Рига.

„Во Шкендија поминав прекрасни пет години, во кои освоив и три трофеи. Сакам да се заблагодарам на соиграчите, тренерите и на раководството на Шкендија. Благодарност и до публиката и сите тетовци кои ме поддржуваа и бодреа изминатиов период“ – рече Жуниор во видео порака испратена до неговите поддржувачи.

Жуниор
во петте години додека го носеше дресот
на Шкендија, одигра вкупно 196 натпревари
и постигна 45 погодоци за тетовските
црвено – црни.

Powered by Live Score & Live Score App