Јавен повик за невработени лица
Невработените лица од Тетово и од Гостивар кои се евидентирани во Агенцијата за вработување имаат можност да се пријават на објавениот јавен повик за Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата. За специјален Центар кој ќе се отвори во Гостиварпреку повикот се бараат вкупно 17 негуватели/асистенти, информира Маргарита Милошеска од Здружението на граѓани “Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби”.
Јавниот повик трае до 8 март. Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат во Центрите за вработување во Тетово и во Гостивар.
Данијела Билбилоска