Јавен повик за субвенционирање за набавка и монтирање на инвертер клима уреди

Жителите на општина Тетово можат да аплицираат за субвенционирање за инвертер клима уреди.

Општина Тетово го објави јавниот повик до граѓаните за пријавување за субвенциорнирање за набавка и монтирање инвертер клима-уреди за 2020 година согласно владината одлука од декевмри 2019 за спроведување мерки за унапредуавање на животната средина. Граѓаните може да искористат субвенција со максимален износ од 62 илјади денари, а 1500 е максималниот број на домаќинства кои може да добијат ваква помош.

Има четири услови за добивање субвенција – да се биде жител на општина Тетово, да нема искористено субвенции за затоплување на домаќинството, до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва или нафта и станот во кој живее барателот да не е во фаза на изградба.

Јавниот повик ќе трае се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена во зависност од услов кој ќе настапи прв.

error: Content is protected !!