Јавна дебата за буџетот на Општина Гостивар за 2022-ра година
Општина Гостивар во 2022-ра година ќе има буџет тежок 1 милијарда, 146 милиони денари. Изминатиот период, секторот задолжен за финансии и буџет го подготви најважниот документ за функционирањето на локалната самоуправа, кој во форма на предлог-буџет беше презентиран на јавна дебата со граѓани, спортски клубови и здруженија.
„Во буџетот за 2022 година е претставен годишен план на приходи и расходи кои се вклучени во основниот буџет: самофинансирачки активности, грантови, донации и заеми, во вкупен износ од 1 милијарда 146 милиони денари. Планирањето за 2022 година во однос на минатата година има пораст од 1%. Даночните приходи во буџетот за следната година учествуваат со 21,9%, неданочните со 3,6%, потоа капиталните приходи со 2,1%, додека најголем дел отпаѓа на дотации со 63,1 %.“, изјави Албулена Рахмани од Сектор за финансии и буџет.
Бџетот ќе се најде пред Советот на Општина Гостивар на седница која е закажана за во петок. Се очекува да биде усвоен, со оглед дека локалната власт го има советничкото мнозинство. Процедурите понатаму налагаат буџетот да влезе во сила од 1 јануари 2022 и да се објавува во општинскиот ,,Службен гласник“.