Љубов кон пишаниот збор – пофалени и наградени песни на Ангела, Мила и Теа

Рецитал – 6 часа до небото Ангела Андоновска

Ова е извадок од песната „6 часа до небото“ на Ангела Андоновска, која на последниот конкурс од литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ добила пофалница. Таа твори уште од основно образование кога учела во училиштето „Андреа Савески – Ќиќиш“. Нејзина менторка била наставничката Елизабета Стојчевска, која се уште ја поттикнува да пишува. Ангела сега е средношколка во медицинското училиште.

Наставничката ги мотивира и своите сегашни талентирани ученици. Меѓу нив се и 12 годишните Мила и Теа. Мила Здравковиќ е добитничка на втора награда во категоријата песна за деца – за своето дело „Посакувам“ кое го сподели со нас.

Теа најмногу сака да пишува за детството. Таа е благодарна на двете нејзини наставнички кои ја мотивирале да продолжи со пишувањето песни. На конкурсот за нејзината песна добила пофалница.

Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово секоја година организира конкурс на кој сите љубители на поезијата може да испратат свои дела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!