Ќе се решат ли комуналните проблеми во Полог?

Низа комунални проблеми се провлекуваат низ годините во општините во полошкиот регион. Како успешно да се менаџира со сметот и да се реши проблемот со бездомни кучиња? Од Центарот за развој на Полошки плански регион велат дека посложени прoблеми според европските искуства треба да се решаваат на регионално ниво. 

Треба да започне втората фаза на Проектот за воспоставување систем за управување со отпадот во Полошкиот регион. Откако за во првата беше формирано претпријатието кое стопанисува со депонијата Русино и беа изведени интервентни мерки, сега се очекува изградба на претоварна станица.

Сега сме во оччекување на започнување на втората фаза, одобрен е гранд од СЕКО, од Швајцарската агенција за поддршка и соработка и ЕБРД. Очекувам дека набргу ќе почнат и мерките и активностите од вторара фаза да се имплементираат на терен. Ќе треба наскоро да очекуваме изградба на некоја претоварна станица, посебно за северниот дел на Полог каде општините од овој дел ќе одлагаат до таа трансфер станица па во поголеми камиони ќе се однесат до Русино. Исто така очекувам да се изгради алтернативниот пат до самата депонија, кружен тек кај Маврово, после од таа точка че ја поврземе од магистралниот пат до самата депонија, изјави Фатмир Саити, директор на Центарот за развој на Полошки плански регион.

И бездомните кучиња се проблем за сите општини во полошкиот регион. Нивниот број постојано се зголемува, а граѓаните не се чувствуваат безбедно. Решението кое беше понудено со изградба за стационар за нивно згрижување тапка во место.

Ние имавме еден проект, за жал ни ја сменија локацијата, Општина Брвеница ја откажа таа локација која што стигнавме до некој степен да го урбанизираме земјиштето, па после да започне и самата изградба. Сега имаме нова локација се трудиме да ја урбанизираме да ја транформираме во градежно земјиште, па евентуално да најдеме средства за изградба на тој стационар, изјави Фатмир Саити, директор на Центарот за развој на Полошки плански регион.

Едно од можните решенија кое се зема во предвид е и изграба на стационар на државно ниво.

Данијела Билбилоска