1. МФЛ продолжува во Јуни

Комисијата за Натпреварување при ФФМ, донесе одлука 1. МФЛ да се доигра по скратен формат. Тоа значи дека ќе се доиграат преостанатите 4 првенствени кола од третиот круг, а потоа лигата ќе се подели на два дела. Плеј-оф со првите 6 екипи и Плеј-аут со последните 4 екипи. Во плеј-офот ќе се игра еднокружно, односно секоја екипа ќе одигра по пет натпревари. Во плеј-аутот ќе се играат само три првенствени кола, но на крајот нема да има испаѓање од лигата. Ќе се одиграат и Куп натпреварите. Во 1/2 финалето ќе се игра само по еден натпревар, а дополнително ќе биде одлучено дали ќе се игра на неутрален терен или една од екипите ќе биде домаѓин. Финалето останува како и до сега со еден натпревар.

Натпреварите од првенството и Купот ќе се играат по претходно утврден протокол од страна на Министерството за Здравско, Комисијата за заразни болести и ФФМ. Истото ќе важи и за тренинзите на екипите.

Почетокот на првенството се очекува да биде кон средината на идниот месец, а конечната одлука треба да ја донесе УО на ФФМ. Истовремено прекинати се сите останати лиги, па останува на УО да одлучи со екипи ќе се играат 1. МФЛ и 2. МФЛ за следната сезона.

error: Content is protected !!