1 098 лица во полошко со решенија за самоизолација

Во тетовско-гостиварскиот регион има вкупно 1 098 лица со решенија за изолација, додека 209 лица со потпишни изјави за самоизолација. Во изминатото деноноќие нови решенија им се изготвени на 76 лица, додека 65 лица потпишале дека ќе останат во изолација.

1 098 лица во тетовско-гостиварскиот регион имаат решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од кои 849 на тетовското, а 249 на гостиварското подрачје. Само во изминатото деноноќие биле изготвени 76 нови решенија, а полицијата контолирала 1 035. Бројката на лица со потпишани изјави за самоизолација, пак, изнесува 209, од кои 144 лица се од тетовско, додека 65 од гостиварско. Во изминатите 24 часа изјави попишале 65 лица, а биле контролирани 165.

Во истиот период за неносење заштитни маски на вкупно 117 лица (ТЕ-83 и ГВ-34) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба.

Во содејство и координација со Државен пазарен инспекторат биле извршени 54 контроли на гостиварското подрачје и во 1 од контролираните објекти констатирани се прекршувања на протоколите за работа.

Во билтенот на СВР Тетово и информација за приведен 42-годишник од Мала Речица, заоа што при негов и при преглед на возилото била пронајдена марихуана. Вчера приведени биле и 28-годишна скопјанка и 38-годишна штипјанка, кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. Полициски службеници лишиле од слобода и 45-годишник од Желино, кој неовластено ги снимал со мобилен телефон, додека преземале мерки од областа на сообраќајот.

Во СВР Тетово, 27-годишна тетовка пријавила дека 15-ти овој месец половина час пред полноќ, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, била физички нападната 23-годишнa сограѓанка.