1 188 активни случаи на Ковид 19 во Тетово и околината


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Од Кризниот штаб при Општина Тетово преку соопштение информираат за состојбата со пандемијата во овој регион.

Вкупниот број на лица со дијагностициран #COVID19 од почетокот на пандемијата до денес е 4104. Од оваа бројка регистрирани се 2759 оздравени лица, а 157 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5 околни општини е 1 188.

Во Клиничката болница во Тетово има вкупно 40 пациенти на кислородна поддршка, додека другите случаи со полесна клиничка слика продолжуваат да добиваат соодветен здравствен третман, дома под надзор на матичните лекари, информираат од Кризниот штаб при Општина Тетово, од каде оценуваат дека ситуацијата е стабилна, иако во текот на изминатите 7 дена во Тетово и околните општини имаме двојно повеќе нови случаи на #COVID19 во споредба со бројот на излекувани лица.


Во градинките, основните и средните училишта имаме намалување на бројот на случаи со Covid19, така во градинките „Младост“ во Тетово имаме 1 позитивен воспитувач и 1 група деца во изолација. Има 11 позитивни наставници во основните училишта и 3 одделенски групи во изолација. Во средните училишта имаме 12 позитивни наставници со COVID19, додаваат од Кризниот штаб.

Притоа уште еднаш ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат заштитните мерки и протоколи, со цел да се регистрира намален број на нови случаи со #covid19, што ќе овозможи до одреден степен, нормализирање на секојдневниот живот, со што помалку ограничувања.