10 години од првиот трофеј на ФК Тетекс

26. Мај со златни букви ќе биде запишан во клупската историја на ФК Тетекс. На овој датум во 2010 и 2013 година, тетовскиот клуб ги освои двата трофеи од Купот на Македонија. Во првото финале пред точно 10 години совладан беше составот на Работнички со 3-2. Захариевски, Исени и Стојановски беа стрелците за Тетекс кои донесоја голема радост и за прв пат пласман во фудбалска Европа.

На истиот датум, но во 2013 година, навивачите на Тетекс се радуваа на вториот трофеј од Купот на Македонија. Тогаш на пенали беше совладан градскиот ривал, Шкендија, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1.

Покрај двата трофеи, Тетекс играше во уште две финалиња на Купот и еднаш во Супер Купот на Македонија, и три пати беше поразен.

error: Content is protected !!