10 лица во изминатите 24 часа го прекршиле полицискиот час

Во Тетово во изминатите 24 часа 10 лица не ја почитувале одлуката за ограничено движење. Тие биле лишени од слобода и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Во овој период се регистрирани 10 нови лица во Тетово и 7 во Гостивар кои се во изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а биле контролирани вкупни 204 лица, а решенија за самоизолација потпишале 3 нови лица од Тетово. Во однос на некористење заштитна маска казнети се 83 лица, од кои 60 во Тетово и 23 во Гостивар.

Вчера на кружниот тек од булеварот „Видое Смилевски Бато“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „опел Корса“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од 19-годишник од Тетово, удрил во пешаците 26-годишна тетовка и нејзиниот 6-годишен син. Во незгодата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка Болница-Тетово за укажување на лекарска помош.

47-годишник од Тетово вчера пријавил дека бил физички нападнат од едно лице. Според пријавеното, додека бил на работа како такси возач, на регионалниот пат Тетово-Желино, лицето физички го нападнало, откако претходно го следело со возилото од Тетово, каде што имале недоразбирање околу првенство на минување.  Исто така, според пријавеното, лицето извадило и пиштол и му се заканило на таксистот.

Во полицијата две лица од Тетово пријавиле каснување од кучиња бездомници, 68- годишна тетовка на улица 180, додека малолетник на улица 29-ти Ноември.

error: Content is protected !!